УСАИД помогна на над 500 македонски компании

Bez autora
May 24 2012

Проект на УСАИД за конкурентност во средата објави дека по пет години, ги заврши своите активности во Македонија, откако успешно им помогна на повеќе од 500 локални компании. УСАИД на македонските компании им помогна да ја зголемат конкурентноста на глобалните пазари преку успешно пристапување до надворешни финансии, идентификување на нови купувачи и нарачки за извоз, проширување на своите активности, и обучување и вработување на нови квалификувани вработени. Со поддршка од страна на Проектот на УСАИД за конкурентност, македонските компании креираа повеќе од 3.300 нови работни места и извоз од над 88 милиони американски долари. УСАИД им помогна на 160 компании успешно да пристапат до над 80 милиони американски долари надворешно финансирање, што резултираше со нови инвестиции во нови технологии и проширување на бизнисите во вредност од над 145 милиони американски долари, се вели во соопштението на УСАИД.

УСАИД помогна на над 500 македонски компанииПроект на УСАИД за конкурентност во средата објави дека по пет години, ги заврши своите активности во Македонија, откако успешно им помогна на повеќе од 500 локални компании.

УСАИД на македонските компании им помогна да ја зголемат конкурентноста на глобалните пазари преку успешно пристапување до надворешни финансии, идентификување на нови купувачи и нарачки за извоз, проширување на своите активности, и обучување и вработување на нови квалификувани вработени.

Со поддршка од страна на Проектот на УСАИД за конкурентност, македонските компании креираа повеќе од 3.300 нови работни места и извоз од над 88 милиони американски долари. УСАИД им помогна на 160 компании успешно да пристапат до над 80 милиони американски долари надворешно финансирање, што резултираше со нови инвестиции во нови технологии и проширување на бизнисите во вредност од над 145 милиони американски долари, се вели во соопштението на УСАИД.

Притоа се додава, дека преку активности за поврзување на пазарот, 55 македонски производители на автомобилски делови, алатки и текстил се претставија на водечки европски саеми, со што Македонија стана позната како земја извозник на овие производи.

“Крајната цел на програмите за развој е зад себе да остават локално - менаџирани програми  кои ќе ги спроведуваат нивните мисии и ќе продолжат да нудат услуги што се бараат на пазарот”, изјави американскиот Амбасадор во Македонија, Пол Волерс.

“Проектот на УСАИД за конкурентност го направи токму тоа и претставува уште еден пример за нашето целокупно партнерство со Македонија,” додаде Волерс

Моја Кариера е програма развиена како дел од Проектот на УСАИД за конкурентност која ќе продолжи да живее. Програмата за практикантска работа и вработување на Моја Кариера до сега им помогнала на повеќе од 2.600 студенти и дипломирани млади луѓе да се здобијат со структурирана практикантска работа, која за многумина премина во работна позиција.

Центарот за иновации, другото наследство од овој проект, ќе продолжи да им помага на македонските претприемачи со разновидни услуги да ги имплементираат своите иновативни идеи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik